Официјално: Тимо Вернер е нов играч на Челси

фото: твитер

24-годишниот играч на Лајпциг ги договори личните услови со „сините“, а ќе остане во германскиот клуб до крајот на сезоната во Бундеслигата.

Еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа, Тимо Вернер (24) одлучи кариерата да ја продолжи во Челси.

24-годишниот играч на Лајпциг ги договори личните услови со „сините“, а ќе остане во германскиот клуб до крајот на сезоната во Бундеслигата. Тој ќе им се придружи на своите нови соиграчи во јули после лекарските прегледи.

Задоволен што потпишав за Челси, за мене е многу горд момент да му се приклучам на овој одличен клуб. Сакам да му се заблагодарам на Лајпциг, клубот и навивачите. Засекогаш ќе бидат во моето срце. Со нетрпение ја очекувам следната сезона со моите нови соиграчи, мојот нов менаџер и секако навивачите на Челси. Заедно, имаме многу успешна иднина пред нас – рече Вернер.

Ја има најдобрата сезона досега во кариерата, постигнувајќи 32 голови и 13 асистенции во 43 мечеви во сите натпреварувања.

Синоќа запиша погодок и против Фортуна Дизелдорф, па му остануваат уште два натпревари (Борусија Дортмунд и Аугсбург) да ги подобри бројките сезонава. Германскиот репрезентативец вкупно четири години ги брани боите на Лајпциг, а претходно играше уште за Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот