Официјално: Арбен Тафа ново засилување за Беласица

фото: fkbelasica.mk

Арбен Тафа е второто летно засилување на фудбалскиот клуб Беласица. Искусниот одбранбен играч во струмичката екипа доаѓа од редовите на ФК Струга Трим-Лум, а во минатото има настапувано и за екипите на ФК Хоризонт Турново и ФК Влазерими 77.

Среќен сум што Арбен го прифати нашиот повик да биде дел од ФК Беласица. Знаејќи го неговиот квалитет, но и одличен карактер, сигурен сум дека ќе биде огромно засилување за нашата одбрана. Му посакувам успешни настапи во плаво белиот дрес – изјави шефот на стручниот штаб, Ване Милков.

По потпишувањето на договорот и официјалната презентација, Тафа се изјасни околу неговиот трансфер во ФК Беласица.

Пресреќен сум што потпишувам за клуб каков што е ФК Беласица и се надевам дека заедно ќе изградиме уште поголеми успеси и ќе ја збогатиме клупската историја – рече Тафа.

Претходно како прв трансфер за новата сезона за промовираше бразилскиот играч за врска, Робсон Да Силва кој дојде од Македонија ЃП, а Шефи Арифовски е нов член на стручниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот