Официјално: Вајналдум на позајмица од ПСЖ во Рома

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Холандскиот репрезентативец Џорџино Вајналдум (31) во следниот период ќе го носи дресот на италијанскиот клуб Рома.

Играчот од средниот дојде во клубот од „Олимпико“ на едногодишна позајмица од редовите на францускиот шампион ПСЖ.

Управата на римскиот клуб следното лето за сум од осум милиони евра има опција да го откупи неговиот договор, додека за сезоната 2022/2023 ќе „покрие“ половина од платата што ја има Вајналдум во Париз.

Холанѓанецот минатото лето потпиша за Пари Сен Жермен, но не се прилагоди на „светците“ како што се очекуваше. Претходно во кариерата играше и за Феенорд, ПСВ, Њукасл и Ливерпул.

Од друга страна, Рома летово продолжува со квалитетни засилувања, бидејќи пред Вајналдум во Рим пристигнаа и Миле Свилар, Немања Матиќ, Зеки Челик и Пауло Дибала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот