Фото: Liverpool FC

Официјално: Киеза е осмиот Италијанец кој ќе го носи дресот на Ливерпул

Ливерпул попладнево го потврди трансферот на Федерико Киеза кој пристигна од Јувентус и потпиа договор на четири години. Киеза ќе биде осмиот Италијанец кој ќе го носи дресот на англискиот гигант.

Тијаго Мота јасно стави до знаење од неговото доаѓање во клубот дека нема да смета на неговите услуги, па Киеза беше приморан да побара нов ангажман. Се поврзуваше со Барселона, но на крајот Ливерпул беше посериозен.

За неговите услуги „црвените“ на италијанскиот гигант ќе му платат сума од 15 милиони евра.

„Кога ја добив понудата од Ливерпул не размислував многу. Доаѓам во клуб со голема историја и фантастични навивачи“, изјави Киеза.

Од доаѓањето на Арне Слот, Киеза е второ засилување по голманот Мамарадшвили кој потпиша договор со Ливерпул, но остана во Валенсија на позајмица.

Пред Киеза дресот на Ливерпул го носеа само уште седум италијански фудбалери и тоа: Даниел Падели, Пепе Реина, Габриел Палета, Фабио Борини, Алберто Аквилни, Андреа Досена и Марио Балотели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот