Официјално: Џихан Арслан е новиот тренер на ФК Шкупи

фото: FC Shkupi

По прекинувањето на соработката со досегашниот тренер на актуелниот македонски шампион Шкупи, Гоце Седлоски, клубот од Чаир овие денови работеше на ангажирање на нов шеф на стручниот штаб.

Официјално Шкупи постигна договор со еден од најреномираните тренери во турскиот шампионат, Џихан Арслан, кој во текот на својата кариера го водеше еден од најпознатите турски суперлигаши Башакшехир.

Арслан го предводеше и Акхисар, кој потекнува од мал град, со кој тимот се натпреваруваше и во Лига Европа.

Токму добрите настапи и учеството во групите од Лига Европа и многу други успеси во турскиот фудбал ФК Шкупи одлучи да го промовира Џихат Арслан за нов тренер на екипата.

Воедно клубот информира дека Февзи Лајиќ ќе биде дел од стручниот штаб Арслан во обидите да се остварат нови големи успеси и се остварат целите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот