Официјално: Димитријевиќ четири години во дресот на Валенсија

Македонскиот плејмејкер со Валенсија по нови победи и важни титули/Фото: Принскрин/Youtube Valencia Basket

Еден од најдобрите македонски кошаркари Ненад Димитријевиќ денеска беше промовиран како нов играч на шпанскиот клуб Валенсија.

23-годишниот плејмејкер кој досега ги бранеше боите на Хувентуд Бадалона, официјално потпиша договор со Валенсија кој ќе трае до 30 јуни 2025 година.

Минатата сезона имаше просек од 10,6 поени, 1,5 скок и 3,6 асистенции во шпанската Ендеса лига, а во Еврокупот имаше 12,9 поени, 1,6 скок и 3,6 асистенции.

– Му се заблагодарувам на клубот кој ми даде четиригодишен договор. Ова е посебен момент и сакам да возвратам на таа доверба. Ќе се обидам да се развивам како играч и му помогнам на клубот да расте уште повеќе. Јас сум тука да помогнам да остваруваме победи. Да триумфираме на натпреварите, освојуваме важни титули и ги натераме навивачите да уживаат – рече Димитријевиќ.

Оваа сезона освен во најсилното шпанско првенство, Димитријевиќ исто така се очекува да игра и во Еврокупот, каде што Валенсија се наоѓа во групата „Б“ заедно со Промитеас (Грција), Гран Канарија (Шпанија), Будуќност (Црна Гора), Виртус Болоња (Италија), Цедевија Олимпија (Словенија), Бург (Франција), Ратиофарм Улм (Германија), Бурсаспор (Турција) и Рејер Венеција (Италија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот