Официјално: Црногорецот Анџелиќ е нов играч на Вардар 1961

Божо Анџелиќ настапува на позицијата среден бек/Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ (30) е новото засилување за Вардар во следната сезона. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.

Договорот со Анџелиќ е потпишан на една сезона со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.

Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата и над 100 постигнати гола. Беше дел од последните четири Европски првенства на неговата репрезентација, во 2016, 2018, 2020 и 2022 година. Настапи на последното ЕП во Унгарија каде за Црна Гора постигна 20 гола, најмногу против Македонија и против Исланд, по шест.

Во играчката кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед и Металург, а потоа замина во Ференцварош. Со Металург играше и во Д групата од ЕХФ лигата на шампионите и постигна вкупно 32 гола.

Вардар ја обезбеди 15 Куп титула по триумфот во финалето над Еурофарм Пелистер од 23:22 во неделата во Кавадарци. „Црвено-црните” се блиску и од одбрана на титулата, и им останува да одиграат уште две кола во првенството. Со две победи (против Бутел и Тиквеш) ќе ја заверат 15 титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот