Официјално: Бобан Николов е нов фудбалер на романскиот клуб ФЦСБ

Бобан Николов повторно ќе игра фудбал на романско тло/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Уште од претходно газдата на романскиот фудбалски клуб, Џиџи Бекали, потврди дека е постигнат договор со македонскиот фудбалер од средниот ред.

Денеска романскиот вицешампион ФЦСБ и официјално ја информираше јавноста дека нов фудбалер на клубот е 28-годишниот Бобан Николов.

Нашиот играч веќе го потпиша договорот и го имаше првиот тренинг за екипата предводена од тренерот Николае Дика. Клубот му посака добредојде и што повеќе успеси во „црвено-синиот“ дрес.

ФСЦБ не ги објави деталите од договорот, но како што откри првиот човек на клубот, Бекали, договорот е на една година со можност истиот да биде продолжен на уште две години.

Беше дел од Вииторул, Вардар, Фехервар, Лече, а последен клуб му беше молдавскиот Шериф Тираспол во чиј дрес имаше 22 настапи и запиша четири голови, еден во групите на Лигата на шампионите.

Потсетување дека поради фактот што три месеци немаше клуб, не се најде во составот на македонската А репрезентација кај селекторот Благоја Милевски за претстојните натпревари во Лигата на нации против Грузија и Бугарија.

Од понеделник започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот