Џиџи Бекали потврди дека е постигнат договор со Бобан Николов

фото: EPA/STRINGER

Во текот на вчерашниот ден романските медиуми најавија дека Бобан Николов од следната сезона ќе ги брани боите на романскиот клуб ФЦСБ, поранешна Стеауа.

Денеска сопственикот на клубот, Џиџи Бекали го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец во редовите на ФЦСБ.

Финансиерот на „црвено-сините“ вели дека нашиот 28-годишен играч од средниот ред ќе има важечки договор од една година со можност истиот да биде продолжен на уште две години.

– Го ангажиравме Николов, да видиме како со него ќе се движи тимот. Овој период сум во потрага по играч од средниот ред кој ќе диригира – изјави Бекали за „Про Арена“.

Проценет на 700.000 илјади евра (според „Трансфермаркт“) ќе се бори за стартно место покрај Дариус Олару, Разван Оаида и Марко Дулка.

ФЦСБ по две кола во групата „Б“ од Лигата на конференции има учинок од едно реми и пораз. На табелата води Вест хем со шест бодови, пред Андерлехт кој има четири, ФЦСБ е трет со еден бод, а на дното е данскиот Силкеборг (0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот