Бобан Николов пред трансфер во поранешниот европски шампион ФЦСБ?!

бобан николов
Бобан Николов пред трансфер во редовите на романскиот клуб ФЦСБ/фото: EPA-EFE/Sergey Dolzhenko

Бобан Николов кој по завршувањето на минатата сезона го напушти молдавскиот Шериф Тираспол, за очекување беше нашиот стандарден репрезентатативец во летниот период да пронајде нов предизвик, но не успеа тоа да го направи пред селекторот да го објави списокот на играчи за претстојните натпревари на македонската репрезентација во Лигата на нации.

Стратегот на нашата А селекција, Благоја Милевски на прес-конференцијата пред два дена кажа дека и нашиот 28-годишен играч чувствува вина што веќе нешто над три месеци е без клупски обврски.

Денеска романските медиуми најавуваат дека Николов во новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на поранешниот европски шампион Стеауа, односно сега ФЦСБ.

– Македонскиот играч од средниот ред Бобан Николов (28) потпиша договор на една година со ФЦСБ до лето 2023 – информира романскиот медиум „gsp.ro“

Токму во Романија ја започна професионалната кариера, од 2012 до 2015 година беше дел од Вииторул, пред да се пресели во Вардар, па играше во Унгарија за Фехервар, во 2021 година настапуваше во Италија за Лече, а минатата сезона во Лигата на шампионите постигна гол во ремито на Шериф Тираспол против Шахтјор Доњецк (1:1).

Нема никаква официјална информација од клубот за трансфер на Македонецот, но тренерот на ФЦСБ, Николае Дика потврди дека се водат преговори.

– Засега не знам, разговарав со шефот на ручек и тој нема потпишано. Ќе видиме дали и тој ќе дојде во тимот. Тој е играч што го познавам, бевме колеги во Вииторул, сегашен Фарул – рече Дика за „ПРО Арена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот