Официјално: Бери Робсон го продолжи договорот, останува менаџер на Абердин и Миовски
Бери Робсон потпиша нов договор на две години и ќе остане менаџер на Абердин до крајот на натпреварувачката сезона 2024/2025.
Препорачано
Робсон официјално ќе биде 24 менаџер во историјата на шкотскиот фудбалски клуб.
Оваа одлука доаѓа после серијата од седум победи во низа и признанието за менаџер на месецот во шампионатот. Го стабилизираше клубот, моментно е на третата позиција и се бори за место во Европа.
– Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и на поширокиот Управен одбор за довербата во мене и заедно со стручниот штаб ќе работиме неуморно за да ги исполниме амбициите на клубот. Откако беше побарано да го преземам тимот на крајот на јануари, одговорот од играчите беше огромен, а исто така и навивачите беа одлични и застанаа веднаш зад тимот. Тие ја одиграа својата улога во нашите неодамнешни победи. Ни преостануваат уште пет тешки натпревари оваа сезона, но сите сме порешителни од кога и да е повторно да испорачаме европски фудбал за навивачите и на подолг рок да ги исполниме очекувањата на овој голем клуб – вели Робсон за клупскиот сајт.
Во добрите резултати на Абердин во шкотската Премиер лига придонесе и македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски со своите 16 голови во 33 настапи.


