Одри Хепберн: Овој едноставен специјалитет го јадела еднаш неделно

Иако била позната по својата ситна фигура и кружеле гласини дека има пореметување во исхраната, тоа не било вистина. Одри никогаш не поддржувала диети, а како што еднаш изјавил нејзиниот син Лука, обожавала италијанска храна, јадела многу тестенини, но не сакала месо.

Исхраната на Одри била едноставна и здрава. За појадок јадела леб со цели зрна и мармалад, за ручек месо или тестенини со свеж зеленчук од својата градина, а за вечера најчесто уживала во пилешка супа со зеленчук.

Нејзиниот партнер Роберт Волтерс изјавил дека по вечерата скоро секогаш јадела малку чоколадо, и пиела една чаша виски.

Омилено јадење ѝ биле шпагети со домати, кои скоро секоја недела ги подготвувала дома, а еве го нејзиниот рецепт.

Состојки:
450 гр шпагети
1 мал кромид
2 чешниња лук
2 моркови
2 стебленца целер
500 гр свежи домати
1 лажичка свеж босилек
2 лажички маслиново масло
сол по желба
рендан кашкавал

Подготовка:
Во големо тенџере на малку маслиново масло пропржете го лукот, кромидот, морковот, целерот и доматите. Сосот треба да се вари 45 минути со повремено мешање.

Додека сосот се вари, наполнете друго тенџере со вода и кога водата ќе проврие додајте ги шпагетите и сол по желба.

Послужете ги шпагетите со сосот, кашкавалот и свежиот босилек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот