Одредени термините за ЕП: Македонија од 20.30 часот против Украина!

men2020.ehf-euro.com

На ЕП обезбедивме настап преку квалификациите каде што беше освоено првото место пред Исланд, Турција и Грција.

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација ќе игра во Виена во групата Б заедно со селекциите на Чешка, Украина и домаќинот Австрија.

На 10. јануари избраниците на селекторот Данило Брестовац во првото коло ќе ги одмерат силите против Украина со почеток од 20.30 часот.

Принтскрин/eurohandball.com

Во второто коло „црвено-жолтите“ на 12 јануари од 16.00 часот ќе играат против Чешка, а два дена подоцна на 14 јануари во 18.15 часот против Австрија.

Според системот на натпреварување, најдобропласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.

Групата Б во која се наоѓа Македонија, ќе вкрсти со групите А и Ц, а натпреварите во таа новоформирана главна група 1, исто така ќе се играат во Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот