Фото: Архива

Одложен изборот за најдобрите спортисти во 2025 година

Настанот на кој требаше да се избираат најдобрите спортисти во Македонија на 18-ти декември нема да се одржи и се одложува за во јануари.

Имено, како што информираат организторите одложувањето е поради дополнителни спортски успеси кои се случиле во текот на декември.

„Ве информираме дека манифестацијата Избор на најдобрите спортисти за 2025  година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 година во НОБ во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт, се одложува поради доставување на дополнителни спортски остварувања во месец декември.

Работната група за спроведување активности при организација на манифестацијата, заради транспарентен и фер однос кон сите спортисти и спортски работници, оцени дека доставените резултати треба соодветно да се вреднуваат и овие спортисти да бидат рамноправно вклучени во номинациите.

Изборот на најуспешните спортисти за 2025  со дополнети номинации ќе се одржи во месец јануари 2026 и во иднина, сите наредни избори ќе се организираат по завршувањето на календарската година“, стои во соопштението.

Преземено од: Спорт.ком.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот