Одличен викенд за Стефановски на патеката „Имола“ (ФОТО)

принтскрин/facebook.com/tcritaly

Игор Стефановски – Иџе откако на првата трка во саботата го освои третото место, денеска беше второпласиран на втората трка.

Стефановски ја обезбеди втората позиција откако стјуардите го санкционираа Џаколо Гуидети кој во „нападот“ на второто место во самиот финиш имаше контакт со задниот дел од возилото на Иџе и му попречи на нашиот натпреварувач соодветно да влезе во свиокот.

Наместо Гуидети да биде санкциониран со пет секунди, судиите донесоа одлука само да бидат вратени позициите, односно Иџе заврши како втор, а Гуидети како трет.

Салваторе Тавано е победник на неделната трка и ја зголеми предноста во генералниот пласман, така што моментно има 132 поени, пред Пелегрини (100) и Греко (91).

Остануваат да се одржат трките во Валеунга и Монца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот