Одличен настап на европската пинг понг серија во Србија, Смолиќ влегува во елиминациска фаза
Во поединечна конкуренција за македонските репрезентативци петокот (28 ноември) на меѓународниот турнир, дел од Младинските категории на Европската пинг понг федерација во Србија беше одличен.
Препорачано
Матеја Смолиќ во категорија до 15 години со две победи се избори за второто место во групата и ги продолжи своите настапи.
Мартин Ристески, категорија У15, во директниот дуел за второто место загуби од Ли Ријан од Ирска и тоа 14:12 во решавачкиот сет.
Кристијан Каламадевски, У15, имаше слична можност во натпреварот против Денис Фонариуч од Романија. Последниот сет беше 9:11. Победи забележаа Бојана Јовевска (У13), Давид Јоноски (У15), а блиску до освојување на пласман беше и Сара Ризовска (У15).
Калина Митева (У13) се најде во исклучително тешка група, но покажа добра игра, а Кристијан Митев (У13) забележа една победа во дуелот против Урош Мркајиќ од Црна Гора. Јован Пармачки (У13) оствари победа над Зејд Хоџиќ од Босна и Херцеговина.
Селекторот Сашко Богатинов и тренерот Зоран Јованоски се исклучително задоволни од покажаната игра, со тоа што истата треба да биде мотив за повеќе тренинг и поголем напредок во иднина.


