Одбојкарите против Финска бркаат финале во Европската сребрена лига

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска од 16 часот во Будимпешта го игра полуфиналниот натпревар против Финска на завршниот турнир од Европската сребрена лига.

Одбојкарите пласманот на завршниот турнир го обезбедија со освојувањето на второто место во групата, а големи заслуги има и Романија која во последното коло ја победи Албанија со 3:0.
Противник на избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ е селекцијата на Финска.

– Јасно е дека не сме фаворит против Финска, но исто така и не сме некој голем аутсајдер. Се ќе зависи од тоа како ќе пристапиме на натпреварот, мора да бидеме навистина зрели во играта, паметни и храбри бидејќи противникот прави многу малку грешки. Затоа клучот на натпреварот ќе биде како ние ќе одреагираме на нивната игра. Иако се подмладени ја негуваат истата игра како на претходните европски првенства. Сериозно ги анализиравме, и ќе биде важно кој подобро ќе се снајде на оние неколку лесни топки во текот на сетот. Најголемиот дел играат во зона четири и тука ќе мора да ги запреме, па се надевам на позитивен резултат – вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот