Фото: vfmkd.org.mk

Одбојкарите на Штип УГД со триумф ја отворија финалната серија за титулата

Одбојкарите на Одбојкарски клуб Штип Угд денеска со убедлива победа од 3:0 во сетови (25:15, 25:22, 25:17) над Борец Велес ја отворија финалната серија за шампионската титула.

Лидерот во првенството имаше контрола над играта и резултатот во текот на целиот натпревар, а мала неизвесност понуди само вториот сет.

Задмард со 15 поени го предводеше штипскиот состав, додека Илиев со 13 поени го следеше.

Во редовите на Борец Велес, Оливера реализираше 14 поени, а Бастос освои девет поени.

Вториот натпревар од серијата ќе се игра в понеделник, со почеток од 20.00 часот, во Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот