Фото: Фејсбук/Као какао

Одблиску од пробите на мјузиклот „Као какао“: Тања Кочовска, Влатко Стефановски и Ана Костадиновска на едно место

Во атмосфера исполнета со креативна енергија и силна актерска посветеност, течат подготовките за новиот мјузикл „Као какао“, чија премиера е закажана за 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар во Скопје.

Проектот, кој е идеја и реализација на „Баги комуникации“, веќе предизвикува голем интерес во јавноста и обединува еминентни имиња од македонската театарска и музичка сцена. Под режисерската палка на Дејан Пројковски, ансамблот интензивно работи на создавање сценско дело кое ветува силен визуелен и емоционален впечаток.

Фото: Фејсбук/Као какао

На пробите може да се почувствува посебна хемија меѓу актерите. Тања Кочовска и Јордан Симонов со својата препознатлива енергија и искуство внесуваат живост во процесот.

Во креативниот тим се вклучени и врвни уметници како Влатко Стефановски, чиј музички потпис му дава посебна тежина на мјузиклот, како и пејачката и професорка Ана Костадиновска, која активно учествува во вокалниот дел.

„Као какао“ е првиот македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, а премиерно ќе биде изведен во јуни, во продукција на „Баги комуникации“, со Македонскиот народен театар како копродуцент.

Текстот за мјузиклот го напиша Венко Андоновски, а режисер е Дејан Пројковски. Претставата ќе вклучи 19 композиции од Стефановски, кои ќе бидат изведени во нови аранжмани, специјално подготвени од Бобан Мирковски.

Извршниот продуцент Владимир Мандичевски-Манде вели дека идејата за проектот постоела три години.

„Текстот на Венко ме насмеа трипати, а ме расплака двапати. За мене, тоа е најдобрата потврда дека е навистина добар. Не се сомневам во режисерските квалитети на Пројковски, ниту во младите актери и верувам дека ова ќе биде интересен и успешен проект“, рече Влатко Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот