Од таен агент на белоруското КГБ до олимписка шампионка

epa06553615 Darya Domracheva of Belarus in action during the Women's Biathlon 4 x 6 km Relay race at the Alpensia Biathlon Centre during the PyeongChang 2018 Olympic Games, South Korea, 22 February 2018. EPA-EFE/FILIP SINGER

Дарија Домрачева освои четири златни медали на последните две Зимските Олимписки игри кои се одржаа во Сочи и Пјонгчанг.

На последните ЗОИ во Пјонгчанг, Домрачева освои само еден златен медал за Белорусија и тоа во биатлонската штафета на 4х6 километри, но таа дојде во центарот на вниманието и поради нејзиниот приватен живот. Имено, Домрачева своевремено работеше и за тајната служба на Белорусија позната како КГБ.

Домрачева заедно со колешките од репрезентацијата, Надежда Скардино, Џинара Алимбекова и Ирина Кријуко го освоија златниот медал на биатлонската штафетна трка и дојде до шестиот медал на ЗОИ, а многумина се шегуваа дека многу и помогна тоа што со 2014 година беше агент на КГБ. Во биатлонот најважно е тркањето, пуукањето и самоконтролата – тоа воедно се и одликите на добар агент.

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

– Сонувавме за овој триумф, бевме мотивирани уште пред самиот почеток на трката. Пресреќни сме бидејќи станавме олимписки шампионки – изјави пред шест години Домрачева која во белоруската тајна служба работеше до 2014 година и имаше чин поручник.

Белорусија е единствена од поранешните советски републики каде тајната служба го задржа називот КГБ од времето на поранешниот СССР.
– Дарија работеше за КГБ со 2014 година, но повеќе нема контакт со нашата тајна служба – објавија од белоруската тајна служба.

Дарја Домрачева/EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Дарја Домрачева прв пат на ЗОИ настапи на 2010 година и оттогаш освои шест медали во биатлон, од кои четири златни. Притоа е двојна светска шампионка. Домрачева во 2016 година се омажи за најдобриот биатлонец на сите времиња, Норвежанецот Оле Еинар Бјорндален и имаат ќеркичка Ксенија.

Видео на денот