Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Од сериозна повреда до тронот – второ злато за Федерика Брињоне на ЗОИ

Италијанската скијачка Федерика Брињоне (35) блеска на домашен терен на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина каде за неколку успеа двапати да се закити со златен медал.

После одличниот настап во супер-велеслалом, таа беше најбрза и во велеслаломот каде го освои првото место со вкупно време од 2:13.50 мин.

Сето ова по сезона во која страдаше од сериозна повреда на ногата, операции, физикална терапија, и кога многумина мислеа дека ќе се откаже од спортот и ќе биде задоволна од она што го постигнала, таа се подготви одлично за овие Игри и донесе огромна радост за својата земја.

Сара Хектор од Шведска заврши втора во генералниот пласман, а среброто го подели со Норвежанката Теим Луис Стјернесунд, бидејќи имаа исто време по двете трки, што значи дека и двете натпреварувачки беа 0,62 секунди побавни од победничката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот