Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Плоштад „Македонија“, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дел од работодавачите ја користат корона-кризата да го намалат бројот на своите вработени, па дури и од оние што се дијагностирано хронични случаи, за кои важи ослободувањето од работа во услови на ковид-19. Со образложение дека им истекле договорите на определено време, лесно се делат откази. Социјалните мрежи постојано регистрираат вакви случаи и се поставува прашањето дали некој ја пробива владината мерка?

„Мојата свекрва е дијабетичар тип 1, има медицинска белешка дека е ослободена од работа. Со работен стаж од 20 години, доби отказ од конфекцијата во која работи. Дали некој ја пробива владината мерка“, прашува читателка од Штип.

Освен дијабетичарите, на листата ослободени од работа се и оние со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни и малигни заболувања и имунокомпромитирачки состојби.

Проценките говорат дека од почетокот на кризата како новоневработени се водат околу 20.000 лица.

Евидентно, лицата што се со договори на определено време се први на удар од притисокот на кризата. Така, Агенцијата за вработување на почетокот на јули, извршила исплата за 6.933 невработени лица корисници на надомест, на кои им истекол договорот на определено време во износ од над 65 милиони денари. Согласно со Уредбата на Владата којашто се однесуваше на исплата на паричен надоместок за два месеца во висина од 50 отсто од месечна нето-плата што работникот ја примил во последниот месец, им е исплатено на 2.873 невработени, кои потпишале спогодбен отказ, добиле или дале отказ. За оваа намена биле исплатени околу 50 милиони денари. Аплицирањето за добивање паричен надоместок траеше до 26 јуни и се однесуваше на сите оние кои од 11 март до 30 април останале без работа.

Инаку, како новоневработени во јуни се пријавиле 3.565 лица. Во мај годинава биле поделени најмногу откази. Повеќе од седум илјади лица се пријавиле како невработени. Во април тој број изнесувал шест илјади, а две илјади во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот