Од пеколот до врвот во Холивуд: Татко ѝ ја претставувал како сопруга, а кога не била послушна, брутално ја тепал и ја силувал (ФОТО)

Profimedia

Холивуд и денес е немилосрдно место, а дури во 21 век отворени се некои болни теми за жените кои во тој суров свет се обидуваат да успеат. Некои од нив и успеваат, но повеќето поминуваат низ некаков вид малтретирање и злоставување. Цената за успех во Холивуд е превисока, а во „златното доба“ на тогаш растечката машинерија, глумиците поминувале низ сѐ и сешто.

Profimedia

Една од најславните жени на сите времиња – икона на сексапилот, глумицата Рита Хејворт, уште од детството носела ужасна тајна. Во текот на триесеттите и четириесеттите години била ултимативно олицетворение на идеалната жена, но тоа што го криела младата жена било страшно.

Нејзините родители, танчери, во Америка дошле од Шпанија. Рита Хејворт татко ѝ сакал да ја научи да танцува, па уште на тригодишна возраст морала напорно да тренира. Не можела да му се спротивстави, иако танцот воопшто не ѝ се допаѓал.

Кога имала 9 години, семејството на Рита се преселало во Калифорнија. Нејзиниот татко сфатил дека нема да успее во работата, па почнал да ја носи својата ќерка со себе, нападно да ја шминка, да ја облекува предизвикувачки и со неа да танцува по казината.

Profimedia

По цела ноќ настапувале, а Рита поради тоа веќе не одела во училиште. Но, нејзиниот татко бил и педофил кој набрзо својата ќерка почнал да ја претставува како сопруга, а кога не била послушна брутално ја тепал и ја силувал. Преку врските од казиното успеал да се поврзе со холивудските продуценти, па Рита набрзо почнала да добива улоги.

На 20 години се омажила за двојно постариот од неа продавач на автомобили кој ја искористувал, потпишувал договори за неа и ѝ го земал поголемиот дел од парите што ги заработила.

Profimedia

Кога успеала да се спаси од него, се омажила за Орсон Велс и дури тогаш сфатила дека татко ѝ ја злоставувал. Дотогаш мислела дека сексуалното малтретирање од страна на татко ѝ е нормално и дека нејзините врснички го преживуваат истото.

Со Орсон Велс
Profimedia
Profimedia

По распадот на бракот со Орсон Велс, Рита се мажела уште трипати. Се разочарувала бидејќи мажите финансиски ја искористувале, и почнала да бара утеха во алкохолот.

Со ќерката Јасмин
Profimedia

Кога во осумдесеттите ѝ е дијагностицирана Алцхајмерова болест, нејзината ќерка Јасмин се грижела за неа до нејзината смрт.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот