Слободен Печат - Приватни Автобуси / Фото - Методи Здравев /

Од наредната недела во јавниот превоз ќе се вклучуваат уште 55 приватни автобуси

Од понеделник по скопските улици ќе бидат пуштени уште 55 автобуси на приватните превозници, а до крајот на годината уште 20. Во март пак, се очекува да пристигнат  80-те автобуси кои ќе ги набави Владата. Со сите овие возила, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски очекува да се нормализира јавниот градски превозџ.

На денешната прес конференција која ја одржа заедно со претставници на приватните превозници тој посочи дека со нив се потпишани  лиценците.

На овие лица некој од за мене неразбирливи причини не им ги потпишуваше лиценците со месеци наназад. Апсолутно со тоа се правеше опструкција на граѓаните да имаат нормализиран транспорт. Дополнително проблемите кои се однесуваа на неплаќањето кон нив ќе бидат регулирани наредната година откако ќе направиме промена во менаџментот во ЈСП Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека наредната недела ќе има уште еден состанок со превозниците на кој ќе се договори рокот во кој ќе бидат редовно исплаќани за нивните услуги кон граѓаните, а ќе се договори и возниот ред. Во моментов, според превозниците, долгот кој Град Скопје и ЈСП го имаат кон нив изнесува околу 180 милиони денари.

Градоначалникот очекува дека на наредната седница на Советот на Град Скопје, на која на дневен ред ќе биде ребаланс на буџетот, ќе се направат напори во него да влезе и проектот БРТ, за што поскоро да започне неговата реализација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот