Од мол во Софија украден џипот на поранешниот претседател Плевнелиев

Украден џипот на Плевналиев од паркинг во Софија/Фото: Скриншот

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев остана без својот џип „БМВ“ откако крадци го украдоа од мол во Софија каде на паркинг го паркирала неговата сопруга Десислава Банова.

„Во саботата околу 16 часот се паркирав на ниво -1. Се вртев затоа што не најдов место за паркирање. Имам опција да го заклучам автомобилот автоматски откако ќе излезам од него. Се уверив дека го слушнав сигналот дека автомобилот е заклучен. Сепак, јас зборував на телефон и кога се приближив до лизгачката врата, еден човек со огромен ранец на грбот ме  турна прилично арогантно. Можеби и побрзо ќе реагирав бидејќи имав слушнато за таква шема. Се сомневав бидејќи влегувајќи во трговскиот центар повеќе не го видов дотичниот“, изјави Банова за Нова ТВ.

Таа отишла до својот автомобил кога го здогледала мажот како тргнува кон нејзиниот автомобил. Следното нешто што Банова го видела е како автомобилот  се оддалечува од паркингот, управуван од друго лице.

„Колку што разбрав, туркајќи во мене, тој се обидува да го пресретне сигналот на клучот со уред кој се наоѓа во неговиот ранец. Уште едно лице кое стои до автомобилот без проблем влегува и излегува од него. Уште од првата минута ја известив 112 за кражбата“, додаде сопругата на Росен Плевнелиев.

Кражбата е снимена од безбедносните камери лоцирани на паркингот. Крадците се толку искусни и имаат висококвалитетна опрема што за неколку минути успеваат да го пригушат сигналот од ГПС системот за следење на автомобилот.

Последната точка каде што Банова го видела својот автомобил бил на обиколницата, во близина на Горубијане. Излегува дека овој трговски центар е прилично префериран од крадците, бидејќи бариерите на паркингот се секогаш подигнати, а оттаму се излегува на обиколницата, каде што нема семафори и се бега со поголема брзина.

„Целосен апсурд е што ова се случува четврти пат, целосно неказнето и најверојатно од истата криминална група“, рече Банова.

Бугарското МВР и Обвинителството соопштија дека е во тек истрага. Само за еден месец од паркингот на истиот трговски центар украдени се уште 3 автомобили.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот