Шпанија на стартот против Зеленортски Острови, Јамал подготвен да дебитира на Мундијалот
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека играчот на неговиот тим, Ламин Јамал е во идеална состојба да игра на денешниот натпревар од 18.00 часот во Атланта против Зеленортски Острови од групата Х на Светското првенство.
Препорачано
– Ламин Јамал е подготвен да игра неколку минути и нашиот медицински тим се согласи со таа одлука. Инаку, тој дури и не би бил на клупата – рече шпанскиот селектор.
Не се очекува Јамал да биде во почетниот состав, но лекарите му дадоа дозвола да игра откако ги пропушти последните неколку натпревари од неодамна завршената сезона во Барселона поради повреда на тетивата.
Јамал се смета за еден од најголемите таленти во Европа и ѝ помогна на Шпанија да го освои Европското првенство во 2024 година, и покрај тоа што наполни 17 години еден ден пред финалето, а сега за првпат со националниот тим е и Мундијалите.
Селекцијата на Зеленортски Острови дебитира на Светското првенство, а Де ла Фуенте рече дека неговиот тим нема да ги потцени своите противници.
– Можеби тие ќе бидат една од репрезентации што ќе изненадат на ова Светско првенство – се зборовите на Де ла Фуенте.
🚨🇪🇸 Confirmed: Lamine Yamal is fit and ready to play.
“Lamine is in PERFECT conditions”, says Spain coach Luis de la Fuente. ✅ pic.twitter.com/O3IJnQ514N
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 14, 2026


