Трамп ѝ се закани на Франција со 100 проценти царина за француските вина
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Франција мора да го укине „данокот на промет“ од 3% на технологијата или да се соочи со 100% царини за увоз на вино и шампањ од САД, објави „Њујорк пост“.
Препорачано
Претседателот ја упати заканата пред овогодинешниот самит на Г7 во Евиан-ле-Бен, Франција.
-Го замолив претседателот Емануел Макрон да не им наплаќа на американските компании, и ако го сторат тоа, немам друг избор освен да наплатам 100% царина на целиот шампањ и целото вино што доаѓа од Франција – изјави Трам.
Данокот за дигитални услуги, одобрен од француските пратеници во 2019 година, вклучува данок од 3% на бруто приходите генерирани во Франција од големите технолошки компании, вклучувајќи ги и американските гиганти како што се „Амазон“, „Мета“ и „Алфабет“.
Извозот во САД сочинува околу една петтина од вкупната глобална продажба на француската винска индустрија, околу 2 милијарди долари годишно.
Ова не е прв пат администрацијата на Трамп да ја таргетира француската винска индустрија со одмазднички мерки. Во 2019 година, САД ја покренаа можноста за воведување високи царини на увозот на технологија, вклучително и вино, како одговор на тогашниот нов данок, за кој рекоа дека ги дискриминира американските компании.
Трамп спрема нови царини за 60 земји — кој сѐ е на удар и зошто?
Во јануари оваа година, Трамп изјави дека ќе употреби царина од 200% за француските вина и шампањот за да го принуди Макрон да се придружи на неговата иницијатива „Комитет за мир“.


