Од мајка и ги добила најдобрите совети за убавина: Оваа бјути рутина никогаш не ја пропушта, без оглед колку е уморна!

Фото: Инстаграм

Жените ширум светот постојано ја прашуваат за совети…

Жизел Бундшен е една од најуспешните манекенки на сите времиња, а блескавиот тен и бујната коса се нејзин заштитен знак.

Манекенката која денес има 40 години се придржува до истата рутина за убавина – таа не пропушта чистење на лицето без разлика колку и да е уморна.

Фото: Инстаграм

„Никогаш не би отишла во кревет со шминка, тоа е правило до кое секогаш се придржувам. Колку и да сум поспана и да сум имала напорен ден, не легнувам во кревет без темелно да го исчистам лицето. Поради работата морав да носам многу шминка и едвај чекав да дојдам дома и да заспијам со исчистено лице”, изјавила Бундшен.

Фото: Инстаграм

Кога станува збор за шминкањето, Бразилката научила од својата мајка дека помалку е повеќе.
„Секој треба да се држи до она што му одговара и што му дава самодоверба. Со текот на времето започнав да сфаќам што значи изреката убавината доаѓа одвнатре“, рекла Жизел, која вели дека не се плаши од староста.

Фото: Инстаграм

„Стареењето е природен процес и е неодвоив дел од нашиот живот. Тоа е многу предизвикувачко и е нешто што треба да го прифатиме бидејќи проаѓаме низ разни фази во животот. Освен тоа, со стареењето стануваме позадоволни од себе, учиме нови работи и стекнуваме драгоцени искуства”, вели бразилската убавица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот