Од денеска нова директна авиолинија помеѓу Скопје и Киев

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

На Скопскиот аеродром од денеска ќе биде воспоставена нова авиолинија на релација Скопје – Киев. На настанот по повод одбележано новаата директна линија помеѓу Скопје и Киев ќе се обратат Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Наталиjа Задорожњук, Амбасадорка на Украина во земјава.

Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

-Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив!, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје.

Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.

-Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина,  стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот