Двајца осомничени за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски однесени во Шутка, добија притвор од 48 часа

Фото: Фејсбук

Притвор од 48 часа добија две лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот даден од скопското Обвинителство, па лицата со иницијали В.М. и С.Ч. ќе останат два дена во затворот „Скопје“ во Шутка. Двете лица се осомничени за кривично дело Грабнување.

Повеќе детали од институциите не се споделуваат, со оглед на тоа дека истрагата е во тек.

– Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик. Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент, велат од ОЈО за МИА.

Трагата на Костадиновски му се губи на 4 март кај Амбасадата на Чешка, а неговото исчезнување го пријавил неговиот брат. Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен од 6 март.

– На 04.03.2023 во 8 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

26-годишното момче е внук од брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми изјави дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат никакви информации што се случило со момчето, освен раскажувањата од негови пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот