Обрадовиќ: Ако го оствариме договореното, имаме шанса за еден или два бода против Спортинг

обрадовиќ
Ракометарот на Е. Пелистер, Немања Обрадовиќ/Фото: РК Е. Пелистер

После триумфот во домашната Суперлига во „братскиот дуел“ над Е. Пелистер 2, играчите на Жељко Бабиќ во вторник (30 ноевмри) ќе ги продолжат натпреварите во Лигата на Европа.

Е. Пелистер ќе гостува во рамките од петтото коло во групата „Д“, а ривал е Спортинг од Португалија кој моментно е водечки во групата „Д“ со шест бодови, еден повеќе од битолчани на втората позиција. На третото место е Ним со исто така пет бодови, четири има АЕК, а на последните две места со по два бода Кадетен и Татабања.

Мечот ќе започне од 20.45 часот, а истиот ќе го судат Словаците Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула. Делегацијата на Е. Пелистер со авионски лет преку Минхен, денеска попладне ќе пристигне во главниот град на Португалија.

Играчот на битолската екипа, Немања Обрадовиќ вели дека ќе се обидат да ги спречат тие таканаречени леси голови и полуконтри на противникот.

– Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното, имаме шанса за еден или два бода – се зборовите на Обрадовиќ.

граџан
Ракометарот на Е. Пелистер, Елмир Граџан/Фото: РК Е. Пелистер

Босанскиот пивот Елмир Граџан најавува дека и на овој меч тимот ќе оди на победа:

– Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа. Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се спремиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме – вели Граџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот