Е. Пелистер во победничка атмосфера пред гостувањето во Португалија

Ракометарот Елмир Граџан имаше четири погодоци во „братското дерби“/Фото: Е. Пелистер

Денеска во 12 коло од машката Суперлига во „братското дерби“ екипата на Е. Пелистер со 38:20 беше подобра од Е. Пелистер 2.

Тоа беше 11 победа за играчите на Жељко Бабиќ и остануваат на првото место со 33 бодови, три повеќе од второпласираниот Вардар 1961 кој својот меч ќе го игра в недела против Скопје 2020.

Во победничките редови Ненад Костески имаше 10 погодоци, а за поразените пет запиша Емилијан Ѓорговски. Следен предизвик за Е. Пелистер ќе биде новиот меч во Лига Европа, за три дена гостува во Португалија кај Спортинг.

Во изминатиот период беше објавено дека играчите на Металург стапуваат во штрајк, денеска вкупно 12 ги имаше во составот, четворица помалку од Т. Пролет, но и покрај тоа составот од Автокоманда славеше на крајот со 29:31.

РК Пролет: Аларов 4, Тотиќ, Манев, Пецаковски 7, Додевски 6, Андоновски 3, Петковски, Џонов 1, Мајнов, Димковски, Крстески, Стојановски, Голубовиќ 6, Цветковски, Палевски и Пејовиќ 2. Седмерци: 6/6. Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Дупјачанец, Брестовац, Бардаковски, Петковски 3, Петров 5, Субашевски, Хорват 12, Рибеиро, Лазаревски 2, Озтурк 7, Митиќ 1 и Маркоски 1. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 12 минути.

Се одиграа уште два меча, скопски Бутел како гостин триумфираше над Прилеп (23:26), додека Струга како домаќин со 24:20 беше подобра од Радовиш.

Табела: Е. Пелистер 33 бодови, Вардар 1961 30, Бутел Скопје 27, Е. Пелистер 2 23, Тиквеш 21, Т. Пролет 21, Охрид 16, Металург 15, Прилеп 12, Струга 10, Радовиш 3, Скопје 2020 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот