Објавена нова снимка која ја покажува целата сила на експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Втор ден по ред траат насилните протести против владата во Бејрут, а причината е разорната експлозија во вторникот на пристаништето на главниот град на Либан.

Сателитска слика од Бејрут пред и по експлозијата / 4 – 5 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во експлозијата на повеќе од 2.000 тони амониум нитрат загинаа најмалку 158 луѓе, а повредени се повеќе од 6.000. Уништени се цели градски квартови, како и многу претпријатија.

Силниот удар разби врати и прозори низ целиот град. На зградите во населбите кои се блиску до пристаништето пукнале стаклата. Штетата стигнала и до десет километри од пристаништето.

„Ал Арабија“ сега објави нова, забавена снимка од експлозијата во 4К резолуција која ја покажува силата на ударот:

Околу 300.000 луѓе – повеќе од 12% од жителите на Бејрут – не можат да се вратат во своите домови заради последиците на експлозијата. За повеќе од четвртина од луѓето кои морале да ги напуштат своите домови се верува дека се деца, а станува збор за околу 80.000 деца.

Разорната сила на експлозијата направила кратер длабок дури 43 метри, а спасувачките тимови се уште ги бараат исчезнатите лица, за кои се верува дека ги има околу 60.

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот