ВИДЕО | Објавена е гласовната порака која Џастин Балдони ѝ ја испратил Блејк Лајвли: „Кога ги видов, ме лазеа морници“
Во јавноста излезе уште една гласовна порака поврзана со филмот „Ова завршува со нас“, а овојпат станува збор за гласовна порака која актерот и режисер Џастин Балдони ѝ ја испратил на Блејк Лајвли. Гласовната порака е дел од судската документација во рамки на тужбата што Лајвли ја поднесе против Балдони, а ја објави порталот „ТМЗ“.
Препорачано
Откако минатата недела беше објавена четириминутна гласовна порака што Блејк Лајвли му ја испратила на Балдони, јавноста сега има можност да го слушне и неговиот одговор. Според американските медиуми, пораката е снимена во февруари 2023 година, пред почетокот на снимањето на филмот.
Блејк Лајвли му испратила на Балдони фотографии од проба за костими, на кои се појавува во улогата на Лили Блум, а тој во гласовната порака признава дека оставиле силен впечаток врз него:
„Здраво, Блејк. Се надевам дека пробата за костими помина одлично. Ти благодарам што ми ги испрати фотографиите, навистина беа прекрасни. Бев на состанок со раководителите на оддели кога стигнаа и чекав да се вчитаат. Кога ги видов, буквално ме лазеа морници“, вели Балдони. Изгледаш прекрасно. Ова навистина ќе функционира одлично“.

Балдони и Лајвли се во правен спор од 2024 година, по заедничката работа на филмот„Ова завршува со нас“, кој Балдони го режираше, а двајцата ги играа главните улоги. Подоцна, актерката го обвини Балдони за сексуално вознемирување и за обид да покрене негативна кампања против неа, што тој целосно го негираше.
Лајвли поднесе тужба против него, а Балдони возврати со контратужба, во која ги обвини Блејк Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс дека ја презеле контролата врз продукцијата на филмот. Судот минатата година ја отфрли неговата контратужба.

Судењето треба да започне во мај, а во меѓувреме во јавноста протекоа бројни пораки што тие си ги разменувале. Меѓу нив има и пораки во кои Балдони тврди дека имал чувство оти Лајвли „се обидува да му намести“, како и нејзина изјава до Мет Дејмон во која наведува дека Балдони тврдел оти разговарал со нејзиниот починат татко.
Блејк Лајвли бара отфрлање на тужбата на Балдони против неа и смета дека тој ја злоупотребува целата ситуација.
Објавени се и пораки во кои Рајан Рејнолдс го нарекува Балдони „вистински предаторски измамник“, „необјасниво токсичен хаос“ и „контролирачка кучка“.
Подоцнежни пораки покажуваат дека и Лајвли го нарекувала Балдони „глупав режисер“ и „кловн“.


