Oбјавен новиот документарец на Дејвид Атенбороу, луѓето плачат поради оваа сцена (ВИДЕО)

Новиот документарец на Дејвид Атенбороу кој минатиот викенд започна да се прикажува на „Netflix“ длабоко ги погоди гледачите.

Документарецот ги прикажува драстичните промени низ кои Земјата минува во текот на животот на Атенбороу, кој сега има 93 години, и уништувањето кое е неизбежно доколку не се превземат мерки.

– Светот на природата исчезнува. Доказите се насекаде околу нас. Тоа се случи за време на мојот живот. Го видов тоа со мои очи – вели Атенбороу во филмот.

Филмот, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, длабоко ги допре гледачите, а повеќето особено ги погодила сцената на која е прикажан орангутан како се качува на едно од последните стебла, откако сите други биле исечени.

Станува збор за делот од документарецот кој прикажува како орангутаните во Борнео немаат каде да живеат, затоа што шумите се сечат со цел да се направи место за садење на палми од чии пулпи се произведува палмино масло кое се користи во бројни козметички производи.

Некои коментираат дека оваа сцена ги расплакала.

– Само што го гледав делот каде орангутанот се качува на последното дрво…. Веднаш се расплакав.

– Секој пат кога ќе видам како орангутанот се држи за последното стебло во уништената дожновна шума, срцето ми се кине од тага.

– Додека го гледава „A Life On Our Planet“, не можев да си помогнам, а да не заплачам кога го видов тој преубав орангутан кој се движи наоколу и бара дом. Ми се скрши срцето.

– Новиот документарец на „Netflix“ кој ќе ве расплаче: „A Life On Our Planet“. Прикажува како половина дождовна шума на Борнео исчезнала. Со уништувањето на шумите се намали популацијата на орангутани за две третини. Ова е буквално катастрофа на глобално ниво за која е виновен човекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот