Објавен и разговорот на Рамуш Харадинај со руските комичари (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиРегион

Објавен и разговорот на Рамуш Харадинај со руските комичари (ВИДЕО)

Руските комичари двапати му телефонирале на Харадинај, еднаш во јануари и еднаш во април

Двајцата руски комичари, Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус), го измамиле и косовскиот премиер. Едниот од нив му се јавил на премиерот Рамуш Харадинај, во име на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, велејќи дека по претседателските избори во Украина ќе ја признае независноста на Република Косово, во замена за поддршката на Харадинај.

Руските комичари двапати му телефонирале на премиерот на Косово, еднаш во јануари и еднаш во април.

Во овој телефонски разговор, објавен на Јутјуб од страна на „Russia 24 tv”, Харадинај му ветува поддршка на „Порошенко”, велејќи му дека јавно ќе го поддржува преку неговата сметка на Твитер.

– Се надевам дека сè ќе биде добро за вас, и јас сум среќен што можам да ви посакам успех за во неделата. Ова е многу важно за државата, ќе се молам за вас на сите избори – рече Харадинај за време на разговорот со еден од руските комичари, за кои мислеше дека е Порошенко, пишува Газета Експрес.

Во меѓувреме, по зборовите на Харадинај, „Прошенко” одговора, велејќи дека по победата ќе го признае Косово како независна држава.

– Да, и мислам дека по победата, јас ќе ја признавам Косово како независна држава – одговорил рускиот комичар.

По овој разговор, Харадинај паднат во стапица, објавил статус на неговиот твитер-профил, каде што му ја честиташе победата на изборите на Петро Порошенко и неговиот премиер, „Вован Лексусов”.

– Му посакувам на народот на Украина слободни и демократски избори. За мојот пријател Порошенко и неговиот иден премиер, Вован Лексусов, посакувам победа за да ја води Украина кон патот на евроатланска интеграција. Народот на Косово и на Украина стојат заедно за слобода и за просперитет – напишал Харадинај на својот твитер-профил.

На стапицата на руските комичари падна и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој исто така кажал дека тој им го дал бројот од Рамуш Харадинај на руските комичари, пренесува Газета Експрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close