Објавен денес – Погледнете го вториот трејлер за „No Time To Die“ (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Новиот, втор, трејлер за „No time to die“ (Нема време за умирање) веќе е пред пуликата и може да се опише со еден збор – експлозивен.

„Universal Pictures“ денес го објави најновиот трејлер за филмот Џејмс Бонд, 25 филм по ред од франшизата, во кој глуми Даниел Крејг и тоа по петти и последен пат како познатиот британски агент.

Трејлерот го прикажува Бонд кој доаѓа од пензија, откако го регрутираат за да го пронајде изчезнатиот научник.

Наскоро, станува занесен од опасната мисија во која му се спротивставува неговиот најнов противник Сафин, чиј лик го толкува Рами Малек, наведува „People“.

Овој пат му се придружува и симпатијата од „Spectre“ (2015).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот