Обединети за Македонија: Ако толку го интересира Мицкоски кои фирми се донесени нека излезе на дебата

Скриен позади неговите партиски портпароли, во прескапата Бела Палата, Мицкоски повторно пробува да маневрира и да го избегнува повикот на јавна ТВ-дебата пред македонскиот народ со Претседателот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски, велат од партијата

-Го разбираме стравот поради недостиг на факти, па затоа да го потсетиме дека во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е рекорд на странски инвестиции во Македонија, споредбено во периодот од 2013 до 2015, каде имаше 457 милиони евра, а во периодот 2015 – 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции. Според Светската трговска организација, учеството на странски инвестиции во бруто-домашниот производ во 2018 е 5,8%, за разлика од 2012 година, каде е 1,5%- стои во соопштението на Обединети за Македонија.

Ако толку го интересира господинот Мицкоски, велат оттаму, кои фирми се донесени во периодот додека Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски е советник, нека ја прифати фрлената ракавица, нека се охрабри и појави на ТВ-дебата, а не да се крие позади партиски портпароли и да се служи со ниски препукувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот