Обама со критика до Трамп: Начинот на кој ја води кризата со пандемијата е хаотичка катастрофа

Само во последните 24 часа во САД од Ковид -19 умреа повеќе од 1.200 лица. Вкупниот број на загинати сега изнесува 89.000, повеќе од каде било на друго место во светот.

Поранешниот американски претседател Барак Обама вчера остро го критикуваше начинот на кој неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп, управува со кризата со коронаворусот во земјата.

-Повеќе од било што друго, оваа пандемија целосно и конечно ја крена завесата за идејата дека многумина на јавни функции знаат што прават, рече Обама во ретката критика во јавноста за актуелната администрација. „Некои од нив дури и не се ни преправаат дека не знаат”, истакна тој.

Обраќајќи се виртуелно на промоцијата на младите од Историски црните колеџи и универзитети (HBCU), тој, меѓутоа, не го спомена Доналд Трамп или кој било друг официјален претставник на САД.

На младите тој им кажа да го сторат тоа што мислат дека е правилно, а не „тоа што е удобно, што се смета за соодветно, што е лесно, бидејќи така размислуваат малите деца”.

Прочитајте и...  МЗ: Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво

-За жал, многу од оние што се нарекуваат себеси возрасни, имаат убави  титули и важни работни места, а сепак, размислуваат така и затоа работите се толку упропастени, додаде тој, а на ова се гледа како на алузија за службениците во администрацијата на Трамп, кои, инаку, тој се воздржува да ги критикува.

Минатата недела, меѓутоа, протече неговата изјава од приватна телеконференција на која кажа дека начинот на кој Трамп ја води пандемијата е „исклучително хаотична катастрофа”.

Само во последните 24 часа во САД од Ковид -19 умреа повеќе од 1.200 лица. Вкупниот број на загинати сега изнесува 89.000, повеќе од каде било на друго место во светот.

Афроамериканците, исто така, имаат непропорционално голем број на смртни случаи и хоспитализирани во вкупниот број во САД, посочува Би-Би-Си.

Прочитајте и...  Над 56.000 случаи на коронавирус во последните 24 часа во САД

Прочитај повеќе

Медицинска сестра од Чиле се грижи за болните од ковид-19: После смената свири на виолина низ ходниците (ВИДЕО)

Слободен печат

Судот ја одби кауцијата за поранешната девојка на педофилот Епстин

Слободен печат

Американска компанија кон крајот на месецов ќе тестира вакцина врз луѓе

Слободен печат

Во Дебар досега направени над 1.100 тестови, позитивни 153 лица

Слободен печат

Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен

Слободен печат

На грчка граница се продаваат лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Слободен печат

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории

МИА Агенција

„Ја кријат вистината како за Чернобил“: Американци тврдат дека научници од Вухан пребегале на Запад и ги откриваат мрачните тајни за коронавирусот

Слободен печат

ДИК: Од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи (ВИДЕО)

Слободен печат

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Слободен печат

По вториот ден од сослушувањето, Хашим Тачи без зборови излезе од судот во Хаг

Слободен печат