Фото: tomknudsen.no

Нутриционистите препорачуваат: Три необични рецепти за смути за одлично варење и остар ум

Смутито може да биде одличен начин за почеток на денот, зајакнување на енергијата пред или по тренинг или едноставно вкусна доза на витамини, минерали и други здрави состојки, кои лесно се подготвуваат. И вие со задоволство ги пиете, но веќе ви е доста од јагоди и банани и би сакале да пробате нешто ново? Ви предлагаме необични смути осмислени од нутриционистите, а сите имаат едно нешто заедничко – какаото во прав. Пробајте ги или, уште подобро, поиграјте си со состојките и направете свој специјален смути.

Сладостa им ја даваат природните извори, како овошјето.

Доколку имате проблеми со варењето, концентрацијата или ви здодеале едноличните вкусови, овие смути можат да бидат вистинско освежување.

Диететичарката и нутриционистка Мекензи Берџес создала смути што својата слаткост ја должи на зрелите банани, боровинките и урмите, а изобилството на растителни хранливи материи потекнува од кељот, кој е „прекриен“ со вкусот на какаото во прав. Берџес ја препорачува оваа комбинација како утрински оброк.

Утрински оброк: Смути од кељ и чоколадо

Состојки:

– Половина шолја грубо сечкани листови кељ (или спанаќ)

– Половина шолја замрзнати и исечени зрели банани

– 1/4 шолја замрзнати боровинки

– 1/4 шолја јогурт по избор

– 2 урми без семки

– 2 лажички незасладено какао во прав

– 2 лажички темно чоколадо или снегулки

– 1 шолја млеко по избор

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте ги и сипете ги во чаша. Украсете со уште малку какао и чоколадо.
Темното чоколадо е богато со антиоксиданти и е корисно за здравјето на срцето и мозокот.

За добро варење: Смути со суви сливи и овесно млеко

Диететичарката и нутриционистка Ејми Горин додава суви сливи во смутито од неколку причини. Тие даваат природна сладост, па не е потребно дополнително засладување, а помагаат и во регулирањето на варењето и спречувањето на губењето на коскената маса.

Состојки:

– 2 сливи

– Половина шолја овесно млеко

– Половина шолја незасладени замрзнати цреши без семки

– Половина банана

– Половина шолја јогурт

– Половина лажичка путер индиски ореви

– 1 лажичка незасладено какао во прав

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте и сипете ги во чаша.

Одлично за мозокот: Смути од боровинки и бадеми

Ова смути, кое го осмислила д-р Деб Кенеди, нутриционистка, го подобрува здравјето на телото и умот. Во смутито се наоѓаат намирници кои се одлични за мозокот, како зелениот лиснат зеленчук, но и боровниките што можат да ги подобрат когнитивните функции, меморијата и концентрацијата.

Состојки:

– 1 шолја замрзнати боровинки

– Половина шолја јогурт

– 1 до 2 листови спанаќ

– 10 индиски ореви или бадеми

– 1 лажица чипс од темно чоколадо

– 1 лажичка незасладено какао во прав

– 1/4 лажичка куркума и прстофат бибер

– 4 или повеќе чаши вода

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте и сипете ги во чаша. Додајте овошје по избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот