Њукасл за 240 милиони евра купува две ѕвезди на Барса!?

twitter.com/INDOBARCA_JOGJA

Новиот газда на премиерлигашкиот клуб од „Ст. Џејмс Парк“ е подготвен да плати дури 240 милиони евра за двајцата играчи.

Познато е веќе дека премиерлигашот наскоро ќе добие нов сопственик, а станува збор за Мохамед Бин Салман.

Тој е подготвен да направи една силна екипа од Њукасл која би можеле да се бори за титулите во Англија и Европа.

Според англиските медиуми првите две желби на Бин Салман се Кутињо и Антоан Гризман. И двајцата се членови на Барселона, Бразилецот е моментно на позајмица во Баерн Минхен.

Каталонците исто така имаат свој план, со добра заработка од Кутињо и Гризман би можеле да бидат уште поблиску до потписот на Нејмар.

Новиот газда на Њукасл е подготвен да плати дури 240 милиони евра за двајцата играчи.