Се шегуваат со „проектот“ на Њукасл: Меси, Роналдо, Мбапе..! (ФОТО)

фото: твитер

Новите газди на премиерлигашот заедно со менаџерот ќе го имаат последниот збор, но дотогаш на социјалните медиуми ќе кружат многу шпекулации…

Фудбалскиот клуб на Њукасл јунајтед наскоро подготвува напад на врвот на Премиер лигата, откако во клубот дојде саудискиот принц, 34-годишниот Мохамед бин Салман чие богатство се проценува на околу пет милијарди долари.

Клубот ќе го купи за 343 милиони евра од Мајк Ешли и ќе се обезбедат 250 милиони евра за вложување на нови трансфери, реновирање на клупските објекти и академијата, пренесуваат англиските медиуми.

Моментно менаџер е Стив Брус, до прекинот на сезоната, поради пандемијата на коронавирус, на табелата во Премиер лигата екипата се наоѓаше на 13 позиција.

Прва основна цела ќе биде влез во Лигата на шампионите, а во тој предизвик би можел играчите да ги поведе поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Така Англичаните очекувано започнаа да шпекулираат околу новиот „проект“ на Њукасл во кој би можел да настапуват едни од најдобрите фудбалери на светот Меси, Роналдо, Мбапе..

Новите газди на премиерлигашот заедно со менаџерот од аспект на трансферите ќе го имаат последниот збор, а дотогаш на социјалните медиуми ќе кружат многу шпекулации…

Па така на пример на „Трансфермаркт“ со Њукасл во иднина ги поврзуваат Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Каи Хаверц, Н`Голо Канте, Кевин де Брујнe, Трент-Александер-Арнолд, Матијс Де Лихт, Ендрју Робертсон, Виржил ван Дајк, Кевин де Брујн, Јан Облак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот