Фото: ЕПА

Новото истражување не охрабрува: Симптомите на долгиот ковид траат 18 месеци

Поголемиот дел од пациентите што страдаат од долг ковид и имаат еден или повеќе упорни симптоми по 12 месеци, ќе ги имаат и по 18 месеци, покажале резултатите од новото шкотско истражување.

Речиси половина од пациентите веруваат дека ниту по година и пол не закрепнале, додека најмалку еден од 20 верува дека воопшто не заздравиле, пишува „Њузбест“.

Меѓу оние што првично завршиле во болница поради инфекција со новиот коронавирус, процентите се уште поголеми.

Истражувачите предводени од професорката Џил Пел од Универзитетот во Глазгов, која објави публикација во списанието „Природа комуникации“, ги анализираа податоците на 33.281 лице, кои имале ковид-19 шест месеци по почетната инфекција, како и една година, односно една и пол подоцна.

Половина година по почетокот на акутната инфекција, осум отсто од пациентите пријавиле дека не закрепнале, 47 отсто изјавиле дека делумно закрепнале, а 45 отсто сметаат дека потполно оздравеле.

По 12 месеци, овие проценти се малку променети – осум отсто оцениле дека закрепнувањето отсуствува, додека процентите на оние што оцениле дека делумно закрепнале се израмниле. Слична била ситуацијата и по година и пол; 11 отсто од оние што имале долг ковид негирале закрепнување, 51 отсто од нив изјавиле дека делумно закрепнале, а 39 отсто сметаат дека целосно оздравеле.

Долгиот ковид беше поверојатен кај луѓето што мораа да бидат хоспитализирани поради инфекција со коронавирус, кај жени, кај луѓе со понизок социо-економски статус и кај луѓе што веќе имаа здравствени проблеми.

Најчести симптоми биле отежнато дишење, болка во градите, чукање на срцето, конфузија и мозочна магла. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот