Новороденче во Босна им паднало од раце на медицинарите, цела болница оди на повторна обука

Фото: EPA/EFE / илустрација

Новороденче им паднало од рацете на здравствените работници при породување во Универзитетската болница во босанскиот град Фоча, при што се здобило со повреди на главата, јавуваат локалните медиуми. По случајот од крајот на август, кој ја разбранува јавноста, болницата во Фоча ги праќа вработените во Гинеколошко-акушерското одделение и на Гинеколошко-акушерската амбуланта одново да посетуваат обука.

Полицијата ги проверува наводите од пријавата во врска со несовесно давање медицинска помош.

„Бебето, како што вчера потврдија од обвинителството во Требиње, сѐ уште е во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а од болницата Фоча, повикувајќи се на информациите што ги добиваат од колегите, велат дека неговата здравствена состојба е добра.

„Минатата недела Универзитетската болница Фоча достави до Министерството за здравство и социјална заштита на Република Српска детален извештај со сите податоци и процедури спроведени во врска со несакан настан при кој беше повредено новороденче“, велат тие, додавајќи дека ги извршиле сите потребни дејствија околу прибирањето на потребните податоци со изјавите на непосредните учесници на настанот, од страна на раководството на Установата.

„За несаканиот настан бил запознаен и стручниот колегиум, потоа Етичкиот комитет на Универзитетската болница во Фоча ги спроведе сите потребни процедури во врска со случувањата поврзани со настанот при кој бебето ненамерно е повредено при породување“, велат од Универзитетската болница во Фоча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот