Фото: МИА / архива

34-годишен гостиварец е осомничен дека го убил својот татко и се обидел тоа да го скрие

Полицијата ноќеска уапсила 34-годишен гостиварец, осомничен дека го убил својот татко во семејниот дом, а потоа, без да пријави во полиција, на роднините им кажал дека 63-годишниот татко самиот се повредил во бањата и починал, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот потоа го пријавил член на семејството.

„На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син. Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби“ соопшти МВР.

Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Убиство во Росоман – син си ја заклал мајката со нож

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот