Ново правило на НБА натпреварите!

EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Кошаркарите во НБА ќе ја добијат можност да го променат своето име на дресовите со пораки поврзани со социјалната правда по рестартирањето на сезоната во Орландо. изјави новинарот на „Атлетик” – Шамс Шаранија.

Според новинарот на „Атлетик“, Шамс Шаранија раководството на НБА и Здружението на играчи ги испратија деталите за планот и воедно ја споделиле ваквата идеја со официјалниот снабдувач на екипите – „Најк”.

Доколку во Орландо се појави корона – ја прекинуваме сезоната

Се обидуваме да фрлиме светлина врз различните проблеми поврзани со социјалната правда за кои момчињата во Лигата продолжуваат да зборуваат секој ден. Луѓето велат дека кога ќе дојдеме во Орландо, нема да се грижиме за социјална правда. Со овој потег, тоа нема да биде така – рече Крис Пол, претседател на Здружението на играчи.

Како што веќе е познато, рестартирањето на сезоната е закажано за утрото на 31 јули со натпревар помеѓу Јута Џез и Њу Орлеанс Пеликанс во 00:30 часот по македонско време. Од 03:00 часот е дербито на Лос Анџелес – Лејкерс против Клиперси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот