Ново дерби за Начевски и Николов на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска

фото: EPA/EFE

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе го имаат и четвртиот натпревар на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска.

Од 21.00 часот во Таурон арената во Краков нашите арбитри ќе го судат дербито од групата „1“ од главната фаза на Мундијалот меѓу Франција и Шпанија.

Двете селекции, кои веќе го обезбедија пласманот во четвртфиналето, имаат моментно по осум бодови на табелата и овој меч ќе одлучи која од нив ќе биде првопласирана.

Ова е четврти натпревар за македонските судии на Мундијалот, претходно делеа правда на два натпревари од прелиминарната фаза Бахреин – Тунис 27:27 и Португалија – Унгарија 27:20, и уште еден од главната фаза Исланд – Шведска (30:35).

Најдобрата македонска ракометна репрезентација настапува во „Президент купот“, во саботата избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот