Новиот уредник на „New York Times“ стана хит поради една фотографија, шегите на негова сметка не престануваат

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Твитер

„New York Times“ има нов извршен уредник. Неговото име е Џозеф Кан, а „NY Mag“ објави големо интервју со него со цел одблиску да ја прикаже личноста која ќе биде главна на еден од најпопуларните весници во светот.

Но неговите изјави во интервјуто паднаа во втор план, а причината за тоа се фотографиите кои се наоѓаат во текстот, меѓу кои една привлече огромно внимание кај твитерџиите. Имено, на фотографијата Џозеф седи на подот и се труди да изгледа опуштено. Има сериозен израз на лицето, едната нога му е испружена, додека другата свиткана во предел на коленото, а пред него, нормално, се наоѓа издание од весникот „New York Times“.


Новинарот Марк Џаџ го спореди со Џорџ Констанца од легендарната серија „Seinfeld“. А шегите на негова сметка не застанаа тука.


„Не разбирам… Ова веројатно требале да го одобрат низа луѓе, а никој очигледно не се спротивставил“, „Имам многу прашања…“, „И јас така се опуштам покрај весникот додека неудобно седам на подот до својата маса и фотељата“, „Зошто човекот е на подот? Ова не е добар почеток“, „Тоа што не носи чевли е најморничавиот дел од ова“.

„Мозокот ме боли додека размислувам на фотографиите кои биле одбиени, а оваа е прифатена“, „Дали некој навистина мислел дека ова е добра идеја?“, „Нацртај ме како една од твоите Французинки“, се само дел од шеговитите коментари кои не стивнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот