Фото: Скриншот/Јутјуб/Инстаграм/Џенифер Анистон

ВИДЕО | Новото момче на Џенифер Анистон откри како се запознале: „Нашата врска не се случи преку ноќ…“

Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, првпат јавно проговори за нивната врска, која трае речиси една година. Тој гостуваше во емисијата „Тудеј“, каде што ја промовираше својата нова книга „Моќта на можностите“ (Power of Possibility), а во разговор со водителот Крег Мелвин одговори и на неколку прашања за односот со познатата актерка, пренесува „Пипл“.

На прашањето како се запознал со ѕвездата на комичната серија „Пријатели“ (Friends), Кертис откри дека ги споиле заеднички пријатели.

„Нѐ запознаа пријатели. И тоа е целата приказна. Сфативме дека имаме заеднички луѓе во кругот и едноставно почнавме да разговараме“, изјави тој.

Советникот за благосостојба додаде дека нивните разговори не прераснале веднаш во врска.

„Не се случи преку ноќ – долго разговаравме и полека се зближивме“, рече Кертис.

Кога станува збор за тоа колку долго се заедно, тој не сакаше да биде сосема прецизен, но призна: „Веќе подолго време – со месеци, речиси една година“.

Водителот Мелвин се пошегува дека нема повеќе да го става во непријатна ситуација, забележувајќи дека се зацрвенел, на што Кертис искрено одговори: „Да, точно – црвенам“.

Да потсетиме, двојката јавно ја потврди врската во ноември, кога Анистон објави фотографија на Инстаграм на која го прегрнува Кертис.

„Среќен роденден, љубов моја, драг мој“, напиша актерката тогаш, честитајќи му го роденденот.

Џенифер Анистон и Џим Кертис / Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Претходно, уште во јули 2025 година, почнаа гласини откако беа видени заедно на Мајорка, во Шпанија, во друштво на Џејсон Бејтман, неговата сопруга Аманда Анка и комичарката Ејми Шумер.

На почетокот на месецот, неименуван извор за „Пипл“ откри дека Џенифер се чувствува одлично во оваа врска.

„Имаше прекрасен крај на годината и навистина ѝ е добро со Џим.Со нетрпение ја очекува новата година и сѐ што доаѓа, особено сега кога Џим е покрај неа. Џен отсекогаш знаела да функционира сама и ѝ било сосема во ред да биде соло, но со Џим едноставно е поинаку“, изјави изворот.

ФОТО | „Ви испраќам љубов“: Џенифер Анистон го помина првиот Божиќ со момчето, сподели празнични мигови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот