Новинарка побара докази од Ѓоковиќ дека бил затруен, а Новак знаеше како да одговори

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ вчера ги дозна противниците за Австралија Опен, а одржа и прес-конференција пред турнирот на која се зборуваше и за изјавата која во текот на вчерашниот ден силно одекна.

Имено, во текот на вчерашниот ден се појави изјава на Ѓоковиќ од интервју кое во целост треба да биде наскоро објавено, а во неа српскиот тенисер зборува дека во Австралија бил труен со олово и жива.

„Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел во Мелбурн! Ова никому не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија открив високо ниво на тешки метали во себе. Имав високо ниво на олово и жива во себе“, гласеше изјавата на Новак која предизвика бурни реакции.

Една од присутните новинарки на прес-конференцијата бараше доказ од Ѓоковиќ.

„Дали имате докази за изјавата дека сте биле затруен со храна“, праша новинарката.

„Интервјуто што вчера беше објавено е дел од февруарското издание на весникот. Јас го дадов пред неколку месеци и не би сакал да одам во детали. Фокусиран сум на турнирот и ако сакате повеќе информации, можете да го прочитате текстот“, одговори Ѓоковиќ.

ВИДЕО – Мареј пред стартот на Австралија опен: Тука сум да ги саботирам шансите на Ѓоковиќ да освои уште една титула (!?)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот